„Филм на 35 мм“ во Кинотека на Македонија
Со култниот филм „Евтини приказни“ од Квентин Тарантино на 15 март во Кинотека на Македонија почнува циклусот „Филм на 35 мм“.
Според програмата, прикажани ќе бидат и „Реквием за еден сон“ на Дарен Аронофски, во четврток, 16 март, како и „Господин Верду“ на Черли Чаплин, во петок, 17 март.
Во 1994 година „Евтини приказни“ ја доби „Златната палма“ во Кан, а потоа забележа огромен комерцијален успех во светот. Сметан за ремек-дело на Тарантино, особено заради сценариото, дијалозите, цитатите,.., филмот е речиси секогаш вклучен во некаква топ-листа на „најзначајни“, „највлијателни“ наслови во филмската историја.
„Реквием за еден сон“ е екранизација на легендарниот роман на Хјуберт Селби, а Елен Брстин, за ликот на Сара во филмот, собра многу награди.
„Господин Верду“ е од 1947 година, а маестралниот Чаплин не е само режисер и сценарист на филмот, туку, вообичаено, се појавува и во главната улога.
Трите ремек-дела на светската кинематографија ќе бидат репризирани, „Господин Верду“ на 18 март, „Евтини приказни“ на 21-ви и „Реквием за еден сон“ на 27 март. Сите проекции се со почеток од 20 часот.
По „Филм на 35 мм“, Кинотеката го најавува циклусот „Месечна доза шведски филм“, од 22 март.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести