-->
-->
Фед куп: Максимални 3-0 за Македонија над Исланд
-->
Македонската женска тениска репрезентација со максимални 3-0 оствари победа над Исланд и го потврди првото место во групата Б. Во првите две кола Македонија со 2-1 ги совлада Ерменија и Република Ирска.
На денешните мечеви во Улцињ селекторот Дејан Маринковиќ им даде шанса на младите тенисерки, кои во првите два меча не играа. Двете во дебитантските мечеви постигнаа победи.
Елена Јанкуловска (15.години) и препушти само еден гем на Ана Софија Гронхолм 2-0 (6:0 и 6:1). Нора Христовска (15.години) беше подобра од Хера Бријандотир со 2-0 (6:0 и 6:2).
Во игра на двојки Христовска и Јанкуловска ги победија ривалките со 2-0 (6:1 и 6:3).
Утре Македонија за пласман во Втората Евро-африканска зона ќе игра против селекцијата на Норвешка, која важи за фаворит особено што ја совлада домашната селекција на Црна Гора. Во второто полуфинале играат: Луксембург и Молдавија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори