Фазлиу ја презеде функцијата министер за локална самоуправа
Новиот министер за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска ја презеде функцијата од својата претходничка, досегашната министерка Ширет Елези.
На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Елези на министерот Фазлиу му посакала многу успех во извршувањето на функцијата.
Министерот Фазлиу најавил дека Министерството за локална самоуправа во наредниот период со изразена динамика ќе работи на имплементирање на владините политики во оваа сфера, пред се на рамномерниот развој на општините и на регионите, затоа што, истакнал, приоритет на оваа Влада е интегрирано општество и квалитетен живот за сите граѓани без поделби по ниту една основа.
- Министерот Фазлиу нагласи дека ќе работи на развојот на локалната демократија, како главен предуслов за вклучување на сите граѓани во креирањето на одлуките на локално ниво и градење на чувство на еднаквост и заеднички пристап во решавање на сите значајни прашања, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство