Фајзер и Бионтек може да произведат три милијарди вакцини следната година
„Бионтек“ може да го зголеми производниот капацитет на вакцини, што ги разви со својот партнер „Фајзер“, на три милијарди дози следната година, изјави извршниот директор на компанијата Угур Сахин за Блумберг.
– „Бионтек“ може да произведе три милијарди дози вакцини годишно, но тоа зависи од побарувачката, што пак зависи од други фактори, како на пример дали ќе биде потребно дополнително вакцинирање на населението, изјави Сахин.
„Фајзер“ минатиот месец објави дека оваа година планира да произведе две милијарди дози од својата вакцина против Ковид-19.
Во вторникот беше објавено дека студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн покажала дека една доза вакцина на „Фајзер“ постигнува речиси целосна ефикасност 11 дена по примањето, така што може да се каже дека не е потребна друга доза.
„Ова се новости што можат да донесат оптимизам. Ефикасноста на вакцината против Ковид-19 започнува 11 дена по приемот. Ова ја отвора можноста да добиете заштита за краток временски период “, објави њујоршкиот medRxiv, страница која е во сопственост на непрофитната лабораторија Колд Спринг Харбор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови