Фабиус: Сирискиот конфликт може да прерасне во поширока верска војна
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус денеска изјави дека воздушните напади во Сирија мора да бидат насочени против екстремистите на Исламска држава (ИД), но и против други групи кои се „сметаат за терористички“, укажувајќи на опасност дека сирискиот судир може да се претвори во широка верска војна.
Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд дека руските воздушни напади „мора да бидат насочени против ИД и само против ИД“, Фабиус објасни дека тоа не ги исклучува другите групи како што е Фронтот Ал Нусра.
- Кога гледате конфликт кој прво бил граѓанска војна, дека станува регионална војна која ги вклучува меѓународните сили, Русија, Иран, САД, тогаш ризиците се сериозни. Најстрашен ризик е судирот да се претвори во верски, истакна Фабиус.
Според него, доколку постои шиитска популација на една страна со своите сојузници и сунитска популација на друга страна со своите сојузници, тогаш може да биде многу опасно.
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово