Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година
Советот на ЕУ денеска го одобри Предлог-буџетот на Европската Унија за 2025 година, кој беше усогласен меѓу претставници на Европскиот парламент и на земјите членки на 16 овој месец.
Со договорот, вкупните обврски на Унијата во годишниот буџет се утврдени на над 199,4 милијарди евра, а вкупните исплати на нешто повеќе од 155,2 милијарди евра.
Дополнително, 800,5 милиони евра се наменети за реагирање на непредвидливи потреби.
Обврските во буџетот на ЕУ се законски обврзувачки ветувања за трошење пари за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, додека плаќањата ги покриваат трошоците што произлегуваат од обврските од тековната или претходните финансиски години.
По усогласувањето на буџетот, унгарски државен министер за финансии и главен преговарач на Советот, Петер Банај изјави дека буџетската рамка за следната година ќе и овозможи на Унијата да се фокусира на нејзините приоритетни области, а во исто време обезбедува „внимателен и реален пристап кон трошењето на парите на даночните обврзници“.
– Задржавме и доволно финансиски средства за да одговориме на непредвидени околности, имајќи го предвид актуелниот економски и геополитички контекст, додаде Банај.
Сега преостанува уште Предлогот-буџетот да биде одобрен и од европратениците, што е предвидено да се случи в среда за време на овонеделното пленарно заседание на Европскиот парламент во Стразбур.
Доколку европратениците го поддржат буџетот, претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш ќе ја потпише одлуката за негово одобрување.
Ново на Сител
-
Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил
-
Доминиканската Република објави извештај за уривањето на покривот во ноќен клуб
-
Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа
-
Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом
-
Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица
-
Без вода корисници во Сопиште
-
Панел - дискусија посветена на аутизмот во Кисела Вода
-
Бигорски ги кани верниците на одбележување на Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Дебар