Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје и на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
Поради пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, денеска од 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
В недела, пак, поради одржување улична трка, од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.
Трасата на движење ќе почне од булевар „Илинден“, пред фонтана „Лотос“ (старт и цел), право долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта фонтана „Лотос“.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО