Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со алат се обидел да влезе во туѓ дом, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода О.В.(42) од овој град, затоа што со погоден алат се обидел да влезе во дом сопственост на сограѓанинот Г.Д.. О.В. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Притоа додадоа дека вчера во 11:00 часот во ОВР Кавадарци, С.Т.(53) од овој град, пријавил дека на улица „Григор Прличев“, бил физички нападнат од сожителот Г.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Од СВР Велес информираа дека вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14:30 часот, на улица Маршал Тито“ во село Марена, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од Кавадарци и патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.С. (29) од село Ваташа, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил А.Ѓ.(32) сопатник во патничкото возило „фиат“, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
- Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, во Неготино, го привеле Џ.Н.(32) од Велес, кој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Велес, поради издржување на казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Идризово. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната, соопштија од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска