Бизнис
29. March 2021 - 13:51

Бектеши: Нема да преговараме билатерално со Грција, сакаме нашите туристи да останат дома

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска нa прес-конференција рече дека македонската Влада нема да преговара билатерално со грчката Влада, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

- Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече Бектеши.