-->
-->
Еврокуп: Гран Канарија го совлада МЗТ Скопје
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа пораз (75:98) на домашен терен во рамките на 5. коло од А групата од Еврокупот. Поуспешни беа кошаркарите на Гран Канарија, кои ја остварија четвртата победа, додека МЗТ Скопје и натаму е без триумф.
Резултат по четвртини: 17:24; 16:27; 22:18 и 20:29.
Гостите од Шпанија подобро го „отворија“ натпреварот и веднаш наметнаа своја игра и имаа контрола над резултатот. На крајот од првиот дел беше 51:33 за Гран Канарија. Избраниците на Александар Јончевски во третиот период успеаја да ја намалат разликата и во 28.минута намалија на 53:63, но шпанскиот тим набрзина направи серија од 6-0 и повторно ја зголеми предноста. Кон средината на последниот период Гран Канарија поведе и со 22 поени разлика (85:63), а во последната минута ги имаше и највисоките 97:72.
Најефикасен на натпреварот беше Џош Смит од МЗТ Скопје со 22 поена и 11 скокови.
Американците со македонски пасоши кои настапуваат во Гран Канарија Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс дуелот го завршија со 6 поени и 4 асистенции (Мекејлеб) односно 3 поени (Хендрикс).
На полувреме од натпреварот на членовите на екипата на МЗТ Скопје која пред 20 години успеа да го совлада Реал Мадрид им беа врачени пригодни подароци.
На вториот натпревар од групата одигран вечерва Цедевита – Нижни Новгород 92:77, додека во ова коло слободна беше екипата на Лиеткабелис.
Табела: Гран Канарија 8 бодови, Нижни Новгород 6, Лиеткабелис 6, Цедевита 6, МЗТ Скопје 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници