ЕВН ги приспособи броилата за дневната евтина тарифа
ЕВН Македонија заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила што се воведе од 1 октомври годинава.
- Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилагодено броило се покажува Т2 индикатор во периодот од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота, информираат од ЕВН Македонија.
Истакнуваат дека и покрај тоа што тимови на компанијата ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможило спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила.
- Ова, потенцираат, значи дека броилата до кои немавме пристап, се уште не се прилагодени, а тие се најчесто викендици или моментално иселени корисници.
ЕВН Македонија во наредните недели најавува дека ќе продолжи со приспособување на останатите броила кои биле недостапни, како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа.
Ново на Сител
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија