Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800 луѓе. Браната пукна синоќа за време на итна санација и зајакнување на еден од нејзините делници, оштетен по обилните врнежи во областа во последните денови, пренесува кинескиот информативен канал CGTN.
Водата зафати површина од околу 50 квадратни километри, а според извештајот на локалните власти засега нема жртви. На местото на настанот се испратени камиони со песок за што поскоро да се затвори местото каде што пукна браната.
За сместување на евакуираните граѓани беа поставени околу 1.000 шатори опремени со кревети и душеци на преклопување. Езерото Донгтинг е второто по големина слатководно езеро во Кина. Од 16 јуни кинеската провинција Хунан е погодена од најобилните врнежи оваа година, а некои региони соборија рекорди по количина на врнежи. Сличен инцидент со пробивањето на браната на ова езеро се случи и во 1996 година, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата
-
Реакции за проектот на ВРЕДИ за Албанска академија на науките
-
СДСМ: Фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО
-
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за внукот на Ахмети
-
Гир: Потребни се радикални промени во судството, нема расположение во Брисел за нова преговарачка рамка
-
Регулаторна утре ќе објави по која цена ќе се греат скопјани
-
Научна студија: Наредните години Македонија и регионот ќе имаат многу повеќе денови со температури над 40 степени
-
Четири активни пожари, најкритично на Серта