Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800 луѓе. Браната пукна синоќа за време на итна санација и зајакнување на еден од нејзините делници, оштетен по обилните врнежи во областа во последните денови, пренесува кинескиот информативен канал CGTN.
Водата зафати површина од околу 50 квадратни километри, а според извештајот на локалните власти засега нема жртви. На местото на настанот се испратени камиони со песок за што поскоро да се затвори местото каде што пукна браната.
За сместување на евакуираните граѓани беа поставени околу 1.000 шатори опремени со кревети и душеци на преклопување. Езерото Донгтинг е второто по големина слатководно езеро во Кина. Од 16 јуни кинеската провинција Хунан е погодена од најобилните врнежи оваа година, а некои региони соборија рекорди по количина на врнежи. Сличен инцидент со пробивањето на браната на ова езеро се случи и во 1996 година, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална
-
Јанушев: МВР и ЈО да влезат во Генералниот секретаријат, има индиции дека Владата се користела како штаб на СДСМ
-
Пронајдена удавена жена кај село Миравци, претходно се оддалечила од нејзиниот дом
-
Димитриевски: Во Македонија постои МАНУ, која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен
-
Четири активни пожари, во гаснењето вклучени пожарникари, МВР, ДЗС и месно население
-
Пронајдена рачна бомба во куќа во Градско
-
Меџити: ДУИ сама си пишува закани и сама ги пријавува во МВР
-
Приведен маж од кичевско, пукал на семејна веселба и повредил три лица