Македонија
28. July 2024 - 20:11

Пронајдена удавена жена кај село Миравци, претходно се оддалечила од нејзиниот дом

Вчера во 14:12 часот во водите на Стара река, кај местото Захват систем за наводнување на ЗЗ „Петрушка река“ била пронајдена удавена И.Д. (33) од село Миравци, Гевгелиско, која еден час претходно била пријавена дека се оддалечила од нејзиниот дом, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на удавената жена било предадено на обдукција.