ЕУ се уште не знае што да прави со бегалците од Авганистан
Европската унија се уште нема единствен план за бегалци, и покрај ветените реформи по бегалската криза од 2015 година, објави денеска Радио Слободна Европа, според проценката на светските медиуми.
Откако талибанците го зазедоа Кабул, Европа стравува дали ќе се повтори бегалската криза која го зафати регионот во 2015 година и ја затру нејзината политика, пишува Фајненшл тајмс.
Весникот посочува дека сите европски лидери стравуваат оти континентот може да се соочи со огромен прилив на баратели на азил од Авганистан, што ќе ги зајакне десничарските популисти пред изборите во Германија и Франција.
Со претстојните избори во Германија и Франција, европските политичари се решени да избегнат вид на популистичка реакција која следеше по бегалската криза пред шест години, кога, како што додава весникот, етнонационализмот зафати нови корени, а антиимигрантските партии се заканија дека ќе ја распаднат Унијата.
Сепак, експертите велат дека споредбата е погрешна бидејќи оттогаш поддршката за антиимигрантските партии се намали, заедно со бројот на мигранти.
Меѓутоа, Авганистанците се соочуваат со недостиг на емпатија во Европа, кој би можел да биде несовладлив, иако „Њујорк тајмс“ посочува дека Авганистан може да претставува посебна морална обврска и одговорност за Европа од другите војни, бидејќи многу европски земји се приклучија на американската инвазија по нападите на 11 септември врз САД.
Таму каде што постои консензус во повеќето европски земји, идејата е дека Европејците сакаат да ги задржат бегалците во регионот во близина на Авганистан, пишува „Њујорк тајмс“, цитирајќи многу европски претставници во последните денови, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, кој истакна дека „Европа не може сама да ги преземе последиците“ за падот на Авганистан.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели