Ердоган предлага Русија и САД да ги повлечат своите сили од Сирија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска им предложи на Русија и на САД да ги повлечат своите сили од Сирија, откако неговите руски и американски колега, Владимир Путин и Доналд Трамп, констатираа дека за конфликтот во оваа блискоисточна земја нема воено решение.
- Тешко ми е да ги сфатам тие констатации. Доколку военото решение не е излез од ситуацијата, тогаш тие, кои го зборуваат тоа, треба да ги повлечат нивните сили од Сирија, нагласи Ердоган пред да замине во Сочи на средба со Путин.
Турскиот претседател посочи дека на средбата со Путин планира да го покрене и тоа прашање.
- Планирам во Сочи со Путин да зборувам и за можностите за наоѓање политичко решение за кризата во Сирија, за заедничките чекори на Турција и Русија во регионот на Африн, како и за деталите од договорот за купување на руските ракетни системи С-400, потенцираше Ердоган.
Кон почетокот на месецов, турскиот претседател соопшти дека освен во сириската провинција Идлиб, Анкара ќе соработува со Москва и во реонот на Африн.
Ново на Сител
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава