Ердоган ја обвини Европа дека „демократијата ја остава настрана“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини европските земји, кои веќе претрпеа атентати, дека „демократијата и слободите ги оставија настрана“ во момент кога Брисел бара од Анкара да го олесни својот антитерористички закон во замена за укинување на визниот режим, пренесоа француските медиуми.
-Оние кои не критикуваат, демокрацијата и слободите ги оставија настрана кога бомбите почнаа да експлодираат на нивна територија, рече Ердоган во говорот што го одржа во југоисточниот град Малатија.
Ердоган вчера изјави дека не може да стане збор за промена на турскиот антитерористички закон, како што бара Европската унија, за во замена да воведе визна либерализација за Турците.
-ЕУ сакаат од нас да го промениме антитерористичкиот закон за да ни ги укине визите. Тоа се кажува во момент кога Турција од сите страни е подложена на напади од терористички организации и нивни колаборационисти, рече Ердоган.
„Ние ќе одиме по нашиот пат, а вие по вашиот“, додаде тој, обраќајќи и се на ЕУ.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек