Ердоган: Агресија е секое соборување турски авион при нарушување на воздушниот простор на Сирија
Анкара ќе ја смета за агресија ситуацијата во која нејзин борбен авион ќе го наруши воздушниот простор на Сирија и биде соборен од руска протиавионска ракета, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, од кое дел беше емитувано вчера, пренесе ТАСС.
„Ваков инцидент е можен и тој ќе не присили да преземеме мерки кои безусловно не се разгледуваат, изјави Ердоган. „Се разбира, тоа ќе биде агресија против нашето право на суверенитет и за државата е природно да го штити тоа право“, посочи турскиот премиер.
Ердоган во интервјуто уверува дека Турција не сака ескалација во регионот.
-Ние не сакаме да учествуваме во тоа. Но оние кои застануваат на страната на Сирија и придонесуваат за нараснување на тензиите, според мене ја носат одговорноста за тоа, подвлече шефот на државата.
Одговарајќи на прашањето дали префрлањето од Русија во Сирија на ракетниот комплекс С-400 „Триумф“ го оценува како закана за Турција и другите членки на коалицијата предводена од САД, Ердоган забележа дека „Русија одамна на Сирија и дава поддршка во областа на одбраната, уште од времето на владеењето на таткото на Башар Асад, Хафез ел-Асад. Русија на Сирија и продавала или и дава вакви ракетни системи. Невозможно е да се тврди дека тоа веќе не било направено минатата година“.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење