-->
-->
ЕП ракомет 2020: Пораз од Австрија, за пат кон Македонија
-->
Со пораз од 32:28 од кодомаќинот Австрија македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на ЕП во Виена. По денешниот пораз Македонија со една победа не успеа да се квалификува за Главната фаза. Во натпреварот требаше да се одигра најдобро, македонските ракометари комплетно потфрлија во првиот и на стартот од вториот.
По воведните 4:4, Австрија почна да ја казнува секоја наша грешка, а тука беа и шестте промашени зицери на нашите играчи и на полувреме Австрија водеше со 18:12, а нивниот голман Томас Ајхбергер имаше 8 одбрани.
На стартот од вториот дел Австрија направи нова серија од 6:0 за највисоки 24:13 и тогаш беше познато дека Австриај ќе ја совлада Македонија.
До крајот на дуелот нашата реперезентација само го ублажи поразот со серијата од 6-0 на крајот од натпреварот.
Австрискиот голман Ајхбергер со 15 одбрани беше најдобар на натпреварот , а Роберт Вебер постиган 7 голови. Кај Македонија Стојанче Стоилов со 5 голови беше најефикасен.
Од Виена
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"