Ракомет
24. January 2016 - 11:30

ЕП Полска: Миркуловски: Досега добро игравме против зони 6-0

Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат уште два натпревара до крајот на шампионатот. По вчерашната победа на Норвешка над домаќинот Полска, состојбата во групата е доволно компликувана, но едно е јасно за да можеме безбедно да мислиме на Олимписките кваификации треба да ја победиме Норвешка и директно да ја исфрлиме од конкуренција за полуфиналето.

-         Млада селекција која многу трча. Ќе треба да се вратиме брзо. Играат одбрана 6-0. Досега добро игравме на тие зони на претходните три дуели. Добро да се спремиме не како со Хрватите и да дадеме максиумим. Треба да го запреме брзиот ценатр, ако има измени побрзо да се прават, ако откако ќе се одбраниме и треба да ги спречиме во контрите и полуконтрите.
  • Неможе полошо од тоа што го одигравме со Хрватска. Имавме и три дена одмор и добро да се одмориме, изјави Филип Миркуловски.