-->
-->
Ѓорческа со пораз и победа на стартот од новиот фјучрс во Италија
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пораз во поединечна конкуренција и победа во двојки го почна настапот на фјучрсот во Италија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Во поединечна конкуренција Ѓорческа која беше рангирана како прва носителка во првото коло е поразена од 17-годишната тенисерка од Русија Олесија Первушина со 2:0 во сетови (7:6 (7:3) и 6:4). Ѓорческа загуби по 1 час и 49 минути игра, а нејзината противничка денеска го прослави 17.тиот роденден.
Во игра на двојки мечот траеше исто така 1 час и 49 минути. Таа и Американката Бернарда Пера ги победија Софија Ковалец (Украина) и Кристина – Андреа Миту (Романија) и притоа спасија четири меч топки во решавачкиот сет. Првиот сет со 7:6 и 7:3 на поени го добија противничките, а во вториот сет беше 6:4 во гемови за Ѓорческа и Пера.
Во решавачкиот противничките имаа водство од 9:5 на поени, а сетот заврши со 11:9 на поени за Ѓорческа и Пера. Утре во четвртфиналето ќе играат против првите носителки: Валентини Граматикопулу и Вероника Кудерметова од Чешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки