ЕП почна процедура за одземање на имунитетот на Марин ле Пен
Европскиот парламент почна процедура за одземање на имунитетот на Марин ле Пен поради финансиски злоупотреби.
Француски медиуми пред неколку месеци објавија дека Ле Пен признала пред истрагата на Агенцијата на Европска унија за борба против измами (ОЛАФ), дека фиктивно го вработила својот телохранител Тјери Лежие како советник.
ОЛАФ им предала на француските судски органи извештај кои од март 2015 година, исто така, водат истрага за сомнежите за фиктивни вработувања од страна на екстремната десничарска партија во Европскиот парламент.
Според истрагата, европратеници на Националниот фронт вработиле 17 асистенти, од кои инспекторите од ОЛАФ изразиле сомнеж за реалноста на работниот однос на Тјери Лежие и на Катрин Гризе.
Европскиот парламент, врз основа на овој доверлив извештај од 28 страници, поведе постапка за наплата на исплатените плати на ови двајца вработени „асистенти“ на Ле Пен, во вкупен износ од 339.946 евра.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек