-->
-->
Ендрик сака да го напушти Реал
-->

Бразилскиот фудбалер Ендрик го информирал раководството на Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот ова лето, напиша новинарот Јагиз Сабунџуоглу на социјалната мрежа Икс.
Дваесетгодишниот напаѓач има тековен договор со „Кралевите“ до 2030 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Ендрик на 40 милиони евра.
Фудбалерот ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Лион. На 21 натпревар за францускиот клуб, тој постигна осум гола и имаше осум асистенции.
Ендрик играше на четири натпревари на Светското првенство во 2026 година, но не успеа да постигне гол.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
