ЕЛЕМ Енергетика од утре ќе испорачува топлинска енергија
АД „Електрани на Македонија“ утре ќе почне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на ЕЛЕМ„ Енергетика“. Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 воспитно-образовни институции (основни и средни училишта и детски градинки) и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
Испораката, информираат од компанијата, почнува осум дена пред официјалниот старт на грејната сезона поради најавениот пад на надворешните температури.
- Согласно Правилникот за снабдување со топлинска енергија испораката може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред 15 октомври ја носи Регулаторната комисија за енергетика, велат од ЕЛЕМ.
Оттаму нагласуваат дека во изминатиов период стручни екипи на компанијата вршеа подготовки, односно ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните недостатоци и да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со топлинска енергија на постојните корисници.
Потрошувачите сите потребни информации може да ги добијат во канцеларијата за односи со јавност, лоцирана во управната зграда на ЕЛЕМ „Енергетика“, а за дефекти или рекламации, може да ги користат телефонски броеви 3104 816 и 3104 872.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија