Фудбал
2. March 2019 - 11:02

Ел Класико вечерва без Рамос

Реал вечерва ќе ја пречека Барселона во првенственото „Ел Калсико“. Ова е третото дерби во краток временски период, откако големите ривали се соочија во полу-финалниот дво меч, во националниот Куп. Барселона со вкупни 4:1 се пласираше во финалето, а во средата во Мадрид победи 3:0.

Во пресрет на дербито тренерот на Реал, Сантијаго Солари, се соочува со големи проблеми во последната линија на одбраната.

„Марка“ пишува дека поради повреда на коленото, можно е капитенот Серхио Рамос да го пропушти дербито. Лекерскиот тим неколку часа пред мечот ќе го даде конечниот збор, дали Рамос ќе може да игра.

Проблеми на Солари му задава и повредата на Начо, додека Рафаел Варан е суспендиран. Од дефанзивците единствено е здрав 22-годишниот Хесус Валјехо.

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 20:45 часот.