Експлозија на бомба во болница во Хонг Конг

Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден.
Маскирани антивладини демонстранти и претходно поставија бомба во објект што беше предвиден за карантин за евентуалните заразени граѓани од коронавирусот.
Експлозивната направа била скриена во бањата во Медицинскиот центар Каритас, а експлодира околу два часот по полноќ, по локално време.
Експлозијата предизвика многу чад и мал пожар. Бомбата не беше моќна и не предизвика голема материјална штета. Се уште не е познато кој стои зад експлозијата, изјави главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи.
Демонстрантите вчера фрлија Молотов коктел во празен јавен објект, што беше предвиден за карантин за пациентите од коронавирусот.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
