Економските експерти стравуваат за последиците од пропаѓањето на американските банки и влијанието врз економската криза
Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина и Сигничр Банк влева несигурност на пазарите во САД и Европа. Економистите стравуваат дека можно е да дојде до подигнување на трошоците за кредитирање на технолошките стартапи, но и да отвори поголем проблем во изнаоѓање на сигурен извор на финансирање.
Но, американскиот претседател, Џо Бајден уверува, банкарскиот систем е безбеден, а сите кои имаат депозити ќе можат да ги извлечат парите.
-Кризата од 2008 нема да се повтори. За жал, минатата администрација се врати на овие барања. Ќе побарам од конгресот и од банкарските регулатори да ги зајакнат правилата за банките и да ги заштитат американските работи бизниси. Американците можат да бидат сигурни дека банкарскиот систем е безбеден, рече Бајден на прес-конференција.
Но Европа не мирува. Германската Бундесбанка го повика својот кризен тим да ги процени евентуалните последици од банкротот на двете американски банки.
Експертите велат дека постои несигурност во банкарскиот сектор.
„Постои огромна несигурност наоколу бидејќи постои страв од ефект на зараза, дека она што се случи во SVB може да се случи во големите банки.“
„Пазарите се многу нервозни. Сè уште можете да го почувствувате тоа, ефектите Банката на Силиконската долина и сите околности со осигурувањето на депозитите, што ги прави инвеститорите малку несигурни овде.“
Сепак, експертите се оптимисти дека влијанието од пропаѓањето на двете банки ќе има поголемо влијае во САД, отколку во Европа.
„Германските банки се вклучени во технолошкиот сектор, но не толку екстремно како американските банки. И затоа, се разбира, постои одреден ризик. Но, тоа не може да се спореди со она што се случува во САД во моментов.“
Банката на Силиконската долина, која постоеше 40 години, беше специјализирана за кредитирање на стартапи. Сигничр банк, пак, е комерцијална банка во која речиси една четвртина од депозитите доаѓаа од секторот со криптовалути.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар