Екологистите со иницијатива за прогласување на планината Беласица заштитено подрачје
На денешната конференција, во организација на Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица заедно со граѓански организации и институции чие работење е поврзано со планината Беласица, покрената е иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање оваа планина да се прогласи за заштитено подрачје.
Според Митко Николов од ЕД „Планетум“, нивните аргументи се темелат на фактот што планината Беласица веќе е заштитена од бугарска и грчка страна.
- Од бугарска страна е природен парк, а од грчка е национален парк. Затоа сметаме дека имаме аргументи и од македонска страна да биде заштитена планината Беласица. Со нејзината заштита ќе се отвори поголема можност за промоција на регионот, бидејќи ние сме регион кој нема море, нема плажи, но имаме природни реткости и природни богатства, фолклор и традиција, кои можеме да ги понудиме на туристите, рече Николов.
Додаде дека по поднесувањето на иницијативата следува валоризација на планината Беласица и таа треба да ги покаже вредностите со кои располагаа оваа планина и врз основа на тоа ќе се одреди степенот на заштита.
Конференцијата е дел од проектот „Мрежа за заштита на планината Беласица“ во имплементација на ЕД „Планетум“ од Струмица, финансиски поддржан од ЕУ.
На конференцијата учествуваа градоначалниците на Струмица и Босилово, Коста Јаневски и Зоран Зимбаков и претставници на Центрите за развој на источниот и југоисточниот плански регион.
Ново на Сител
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи