Македонија
24. April 2016 - 9:25

Еко хепенинг за Светскиот ден на планетата Земја

Еко хепенинг ќе се одржи денеска во градинарскиот центар „Фоја“ по повод Светскиот ден на планетата Земја.

Во тек на едукативно-рекреативниот настан, експерти и тим од градинарскиот центар ќе го објаснат процесот на создавање и развивање дрво од една семка, а децата ќе имаат можност практично да видат садење даб од семка.

Целта на настанот е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе време дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред комјутери, телевизор, телефони..., велат организаторите на настанот градинарскиот центар „Фоја“ и коалицијата „Боите на животот“.