Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
Превозник од фирма од Кавадарци користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај, а за прекршокот Државниот инспекторат за транспорт изрекол глоба во висина од 7.500 евра.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 22.45 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци.
-При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро