-->
-->
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
-->
Европската комисија денеска негира дека било-кој од Комисијата му дал ветување на лидерот на СДСМ Зоран Заев за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, доколку влада што тој би ја предводел ја превземе власта во македонската држава.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел потврди дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата, со што го негираше тврдењето на Заев за некои македонски медиуми дека Високата претставничка Федерика Могерини, како и еврокомесарот Јоханес Хан, му ветиле почеток на пристапните преговори во случај тој да стане македонски премиер.
- Како што знаете, ние не коментираме коментари и јас нема да коментирам туѓи коментари. Но, вие сте свесни какви се правилата и препораките на Комисијата за отворање на преговорите со вашата земја, условена со имплементацијата, односно имплементирањето на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети во земјата. Отворањето на пристапните преговори, кога овие услови ќе бидат исполнети е одлука што ќе ја донесе Советот, одговори Коцијанчич.
Портпаролката на Хан, исто така беше запрашана дали еврокомесарот за преговори за проширување го доби писмото од професорката по Уставно право на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева-Јовановска и неколку интелектуалци и професори од Македонија, во однос на (не)уставноста на потезите што некои македонски политичари ги влечат изминатиот период и дали Хан одговорил на писмото:
- Треба да проверам дали писмото е примено, но обично кога добиваме писма, ние одговараме на нив, одговори Коцијанчич.
Притоа на нејзиниот одговор на пресот во Еврокомисијата се приклучи и главниот портпарол на ЕК, Маргаритис Схинас.
- Да, ние имаме навика да одговараме на писма - додаде шеретски шефот на гласноговорничкиот сервис на неформалната Влада на Европската унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план