Македонија
1. August 2021 - 16:33

Едукација за поголема еколошка свет

Струмичани учат како отпадот со биолошко потекло да го искористат како суровина за развој на био економијата. Бајат леб како основа за пиво, филџани од талог од кафе или патики направени со  отпад од ананас, ова се само дел  од позитивните практики кои веќе се применуваат во повеќе европски држави и може да се најдат  во широката потрошувачка. Преку семинари,  размена на знаења,  едукација на ученици , едукативни материјали на македонски јазик, летна школа за наставници, во наредните десет дена заинтересираните може да научат како потенцијалот што го има регионот да се искористи за производство на био базирани производи.

„Овде во Струмица ќе гледаме сето она што е како остаток од земјоделството, од шумарството да  бидат основни суровини за производи кои што понатаму ќе имаат дополнителна вредност“, вели Наташа Марковска - Интернационален центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи.

За таа цел во градот десет дена ќе функционира и поп ап продавница во која може да се видат голем број производи од неколку европски држави.

„Имаме за цел да им покажеме на струмичани и на останатите општини од регионот дека био економијата не  е концепт кој што е само онака замислен,  туку тоа е дел од нашите секојдневни животи и дека ние преку овие производи сакаме да ја развиваме свеста кај струмичани и да работиме на тоа дека био економијата треба да стане дел од регионалниот развој и сите заеднички да се трудиме овие концепти да ги внесеме во нашиот секојдневен живот“, вели Клемент Робинс - Бе Рурал ЕУ. 

Поп ап продавницата е дел од проектот Be RURAL  а се реализира од страна на Интернационалниот центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи - Македонска секција , финансиран во рамките на програмата ,,Хоризонт 2020,, на ЕУ. Освен на струмичкиот регион, проектот е фокусиран на уште четири региони и тоа во Латвија, Романија, Бугарија и Полска.