Една година од поливалентни вакцини во Македонија
Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија ефектите се одлични, опфатот во првите шест месеци од годината е 48,55 проценти што значи дека за цела година тој ќе изнесува 97 отсто, изјави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Поликлника „Букурешт“ во Скопје.
Поливалентните вакцини во Република Македонија прв пат се воведоа на 1 септември 2015 година.
- Вакцините се добро прифатени од населението и процентот на имунизација е одличен, што ја става Македонија во земјите со висок степен на имунизација на населението. Досега се дадени 54 илјади петовалентни и 54 илјади шестовалентни вакцини, изјави Тодоров.
Посочи дека особено важно е што несаканите реакции од овие вакцини се минорни во однос на несаканите реакции кои се јавуваа со вакцините кои претходно беа во употреба.
- Во Здравствен дом Скопје на вкупно 25 илјади дадени вакцини има пријавено нула несакани реакции. На ниво на цела држава има пријавено само седум несакани реакции за една година од имунизацијата, што е драстично помалку од бројот на реакции со старите вакцини, кога се регистрираа 100 до 120 несакани реакции годишно, рече Тодоров.
Истакна дека со поливалентните вакцини бројот на боцкања се намалува од 13 на седум, што значи помалку стрес за децата и помалку посети на лекар, како и дека Министерството за здравство за поливалентните вакцини годишно издвојува 170 милиони денари.
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ рече, дека во однос на вакцинирање на децата Здравствен дом Скопје опфаќа третина од Македонија и на годишно ниво се вакцинираат некаде околу 55 илјади деца од кои 7.448 како новородени до една година.
- Во Здравствен дом Скопје официјално нема ниту една писмена изјава да се одбие вакцина и нема ниту една пријавена несакана реакција од поливалентните вакцини. На тој начин ги охрабривме и малкуте кои се плашеа да започнат со примовакцина што според педијатрите има најголемо значење за започнување на процесот на имунизација, рече Вучковиќ.
Истакна дека со воведување на поливалентните вакцини најголем бенефит ќе имаат децата, бидејќи инектирањата и несаканите реакции се намалени и се остава простор за проширување на календарот за вакцина.
Ново на Сител
-
Опожарени два контејнера во Серава
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
-
Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами