Македонија
9. February 2025 - 16:50

Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот

Цените ќе ги намали владата, ако тоа не го сторат трговците. Премиерот не ја исклучува можноста од интервентни мерки кои би се донеле на следната владина седница, во вторник, кога Пазарна и економија ќе го презентираат 6 месечниот извештај. Тој ќе покаже колкави маржи ставAле трговците, дистрибутерите и производителите во големите маркети, а ќе бидат опфатени и аптеките и продавниците за бела техника

– Не може некои производи во соседните земји да бидат два три пати поевтини одколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка. Доколку гледаме дека едната страна не почитува договор тогаш мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме со дијалог да бараме решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа. Поради тоа се наруши довербата помеѓу Владата и трговците, додаде Мицкоски.

Револтот против високите цени на храната граѓаните го изразија со бојкот на маркетите. Два пати до сега се одлучија да не пазарат во петок. И покрај намалениот промет, поевтинување во големите ланци, нема. 

- Ако не се почитува тоа од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно, додава Мицкоски

Неделава министерот за економија најави дека е можно замрзнување на цените, бидејќи одредени субјекти на шпекулативен начин се обидувале да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Тоа, според надлежните е неприфатливи и затоа како влада ќе преземат мерки за да дојде до пад на цените. Инаку, податоците на УЈП покажуваат дека на првиот бојкот прометот во 8-те најголеми маркети паднал за 47%, а на вториот за 22 осто.