Фудбал
10. February 2025 - 9:57

Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај

Вечерашниот натпревар Галатасарај – Адана Демиrспор од турската Суперлига не с едоигра. Гостите по барање на сопствениците на клубот го напуштија теренот во 31. минута и одбија да продолжат со играта.

Во 12. минута напаѓачот на домаќините Алваро Мората го отвори резултатот на натпреварот, реализирајќи пенал. Шпанецот го постигна својот прв гол во новата средина. Судијата Огужан Чакир досуди пенал затоа што веруваше дека Семих Ѓулер го фаулирал Дрис Мертенс. 

Раководството на Адана Демирспор протестираше поради пеналот и реши да го извади тимот од теренот.

Во 31. минута гостите заминаа во соблекувалната. По извесно време теренот го напуштија и фудбалерите на Галатасарај.

Конечната одлука за исходот на ово меч ќе ја донесе Турската фудбалска федерација во наредните денови.