Единствена Русија на удар пред изборите в недела
Русите в недела излегуваат на регионални и локални избори, во време кога владејачката партија Единствена Русија се најде на удар на критики поради планираното зголемување на старосната граница за одење во пензија.
Единствена Русија, која освои двотретинско мнозинство во сојузниот Парламент пред две години, е на удар на критики откако еден нејзин челник, премиерот Дмитриј Медведев, најави пензиска реформа пред три месеци.
Дури 71 отсто од испитаниците рекле дека не ја одобруваат работата на премиерот во анкетата која минатата недела ја спроведе центарот Левада ширум државата.
Незадоволни од работата на Парламентот се 68 проценти, што е најголем процент во деценијата.
Рускиот политички аналитичар Наби Абдулаев за агенцијата ДПА изјави дека тоа може да влијае на резултатите на владејачката партија на претстојните избори.
- Се чини дека е во пад интересот за политика и помалку се кандидатите во споредба со претходните изборни циклуси, вели Абдулаев, директор за Русија во глобалната консултанска компанија Контрол Рискс груп.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, за кого се очекува дека повторно ќе биде избран в недела, се дистанцира од Единствена Русија и се натпреварува како независен кандидат.
- Неговиот рејтинг меѓу жителите на Москва е повисок од рејтингот на партијата. Нему партијата не му е потребна за кампања, вели Абдулаев.
Претседателот Владимир Путин, кој, исто така, се натпреваруваше како независен кандидат на претседателските избори во март и освои четврти мандат минатата недела побара поддршка од граѓаните за пензиската реформа.
Путин (65) сугерираше дека старосната граница за пензија се зголемува на 60 години за жени и 65 за мажи, бидејќи Русија е соочена со „сериозен демографски проблем“ и затоа пензискиот систем е се пооптоварен.
Тој со тоа понуди отстапки во планираната пензиска реформа, која предизвика огорченост меѓу граѓаните, откако Парламентот прелиминарно го одобри зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија од 55 на 63 години за жени, 60 на 65 години за мажи.
Според податоците на Светската банка во 2016 година, очекуван животен век на мажите во Русија е 66 години, а за жените 77 години.
Ново на Сител
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека