-->
-->
Еден полицаец ранет при нападот врз полициската станица во Газиантеп
-->
Еден полицаец е тешко ранет при денешниот напад врз полициската станица во југоисточниот турски град Газиантеп.
Во престрелката што уследила по нападот, е убиен и еден од напаѓачите.
Според турската телевизија НТВ, на место на инцидентот има голем број возила на брзата помош, а престрелката се уште трае.
Според локалните медиуми, три вооружени лица отвориле оган врз полициската станица. Според други извори, се работи за самоубиствен напад, но извршителите не успеале да ги активираат бомбите.
Според трети извори, напаѓачите биле двајца или тројца и успеале да побегнат, а полицијата трага по нив.
Газиантеп е најблискиот турски град до сириската граница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори