Еден ден откако стапи на функција новиот градоначалник на Штип се откажа од користење на службено возило
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека ги скратува непродуктивните трошоци, преку не користење на службените возила на Општината и на јавните претпријатија.
– На тој начин возилата ќе ги ставиме во служба на Општина Штип, за да бидат сервис на граѓаните, со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината, вели Јорданов.
Прашан дали тоа значи дека некој ги злоупотребувал службените возила, Јорданов со одговор дека дополнително ќе се утврдува како се користени службените возила од страна на локалните функционери, но она, како што вели тој, е дека денеска информира како новите локални функционери ќе работат.
Инаку, службените возила ќе се користат од страна на службите на Општината, на кои им се потребни за да излезат на терен.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик