Џез-музичарот Четкар во декември ќе ја продолжи турнејата во Азија
Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар со неколку концертни настапи во декември ќе ја продолжи турнејата во Азија, која се одржува со поддршка од Министерството за култура.
На 4 декември Четкар ќе настапи на Интернационалниот Пенанг џез-фестивал во Малезија, на 10 декември ќе одржи концерт во малезиската престолнина Куала Лумпур, а на 12 декември со неговиот концертен настап ќе биде отворен Интернационалниот Пном Пен џез-фестивал во Камбоџа каде што ќе се претстави пред тамошното кралско семејство и дипломатскиот кор. На 25 декември Четкар ќе одржи концерт во Мумбаи, Индија, на „Муд Индиго“ - најголемиот колеџ-фестивал во цела Азија.
Во рамки на првиот дел од големата азиска турнеја Четкар и неговиот септет одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез-фестивали во Азија и во светот „Интернационален Јарасум џез-фестивал“ (Jarasum International Jazz Festival), а имаа и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул.
Во присуство на илјадници фанови на џез-музиката и во спектакуларна атмосфера, Четкар на концертите во Јужна Кореја беше придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај