Џастин Бибер профитираше од разголените фотографии
Папараците ги следат славните личности во секој чекор, дури и тогаш кога ѕвездите не се ни свесни за тоа.
Во тоа се увери Џастин Бибер кој беше непријатно изненаден кога беа објавените фотографии од неговиот одмор на Бора Бора на кои тој се појавува разголен.
- Мојата прва реакција беше... како тоа можеле да го направат? Се чувствував повредено, како да не можам да излезам, а да не ме сликаат. Мислам дека би требало да се чуствувам сигурно во својот дом, а особено кога ќе одам некаде далеку, изјави Џастин.
Но, како што објави „Аксес Холивуд“, по првобитниот шок, Бибер сепак извлече и полза бидејќи целата таа врева околу „голите“ фотографии се поклопи со излегувањето на неговиот нов албум „Purpose“, па ова беше можност за дополнителна промоција.
Синглот „What Do You Mean“ од овој албум веќе ги освојува топ листите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство