Македонија
8. December 2022 - 9:37

Џафери: Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до сите православни верници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. 

- Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име на сите православни верници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство. 

Затоа, обврска и чест е посветено да се негува тоа наследство, да се надгради и збогати со сета духовна и просветителска разноликост што е одлика на нашето општество.  Просветлувањето на умот и издигнувањето над тесно градното гледање на светот е единствениот пат на обединувањето на граѓаните за напредокот на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија.

Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани, напиша собранискиот спикер во честитката.