Џафери најави дека до крајот на мај ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска, имаше работен ручек со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на кој што изрази надеж дека конечно по воспоставувањето на дипломатските односи со Грузија во 2019 година, ќе почнеме еден период на поинтензивна комуникација и политичка соработка на високо ниво.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери, самата посета на претседателката на Грузија претставува почеток на висока соработка и можност за унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на секое поле. Во тој контекст, Џафери изразил задоволство за тоа што во Парламентот на Грузија е формирана тричлена парламентарна група за соработка со нашето Собрание и најавил дека до крајот на овој месец, и во Собранието на Република Македонија ќе се формира Парламентарна група за соработка со Парламентот на Грузија.
Тој го поздравил и денешното потпишување на „Спогодбата меѓу Република Македонија и Грузија за укинување на визите“ и Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за култура.
-Ме радува потпишувањето на овие Спогодби, тоа ќе биде убава можност за подобра комуникација и соработка меѓу двете земји, рекол претседателот на Собранието на средбата со грузиската претседателка.
Претседателката на Грузија Зурабишвили изразила задоволство од топлиот и пријателски прием во нашата земја и се заблагодарила на можноста за средба со претседателот на Собранието, Џафери. Таа се осврнала на важноста на потпишаните меѓусебни спогодби со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски за двете земји, и истакнала дека, очекува во наредниот период интензивирање и продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Грузија на секое поле.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното