Ѕанакопулос: Северна Македонија и Грција веќе имаат одлични односи
Се отворија патишта, односите меѓу Северна Македонија и Грција веќе се одлични, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на оценката на владата за посетата на Алексис Ципрас на Скопје.
-Мислам дека се отворија патишта, бизнис делегацијата беше многу голема, имаше трговски договори, имаше бизнис договори, имаше многу голем напредок на ниво на билатералните економски односи. Знаете дека веќе односите меѓу Северна Македонија и Грција се одлични и ова е резултат од самиот Договор од Преспа што ќе се покаже корисен не само за двете земји, туку и за Балканските земји во целост, за ко-развојот и солидарноста што се неопходни за да можеме да ја задржиме стабилноста во поширокиот регион, рече Ѕанакопулос на брифингот со грчките новинари и странските дописници.
Ново на Сител
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борче Давитковски, универзитетски професор
-
Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите