Loading Video...
Свет
14. February 2025 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Во услови на зголемени глобални тензии, од денеска до недела се одржува 61. Минхенска безбедносна конференција. На овогодинешниот собир, во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе соберат светски лидери, креаторите на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

За Минхенската безбедносна конференција, да мине без проблеми ќе се погрижат 5.000 полицајци распоредени околу главниот град на Баварија, според информации од полицијата.

На конференцијата ќе присуствуваат и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Инаку имаше и еден инцидент откако најмалку 28 лица беа повредени, од кои неколку сериозно кога автомобил влета во групата демонстранти. Според полицијата, возачот бил 24-годишен авганистански барател на азил.

Жителите на Харков се разочарани откако телефонскиот разговор имаа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Украина сака Белата куќа да ги поддржи сите мировни преговори со безбедносни гаранции што ќе ја запрат Русија. Претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека Украина нема да прифати никакви билатерални договори за нејзината судбина постигнати од Москва и Вашингтон во нејзино отсуство и исто така ја повика Европа да има место на преговарачката маса на крајот на војната.

Украина соопшти дека работи на средба Зеленски-Трамп, но засега ништо цврсто не е објавено.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е важно рускиот претседател Путин да сфати дека Западот е „обединет“, околу мировните преговори за ставање крај на војната со Украина. Тој додаде дека Украина ќе биде вклучена на кој било начин во секој мировен договор. Шефот на западната воена алијанса, исто така, рече дека лидерите никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на НАТО ако склучи мировен договор со Русија.