Дводневен Самит на ЕУ во Брисел

Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени. ќе бидат едни од главните теми за кои ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на нивната дводневна средба, што денеска почнува во Брисел.
Како што соопшти Европскиот совет, лидерите на ЕУ на овој Самит ќе разговараат за заедничката безбедност и одбрана, за обезбедувањето нови работни места, економски раст и конкурентност, за илегалната миграција, за договорот за климатски промени, за дигитализацијата на Европа и за надворешните односи.
Покрај, ова во рамки на Самитот ќе се одржи и заседание во формат ЕУ-27, односно средба на шефовите на држваи или влади на членките на блокот без учество на британската премиерка Тереза Меј, на која ќе се разговара за процесот на истапување на Велика Британија од Унијата и за нејзината иднина по Брегзит.
За утре е предвидено премиерите на Естонија, Бугарија и Австрија да ги презентираат приоритетите на преседавањата на нивните земји со ЕУ во следните 18 месеци - од 1 јули 2017 до 31 декември 2018 година.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
