Две тешки кражби во цркви во Општина Ранковце

Во текот на вчерашниот ден непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица” во селото Ранковце.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 16 март 2019 година околу 9:10 часот во полициското одделение во општина Ранковце било пријавено дека непознато лице извршило кражба.
-Сторителот со употреба на сила влегол во внатрешноста на црквата и одземал пари. Исто така, било пријавено дека во периодот од десет до единаесет часот претходниот ден непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Параскева” во селото Радибуш. И во оваа црква сторителот влегол насилно по што одземал поголема количина пари, информираат од СВР Куманово.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата случаја.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки