-->
-->
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани
-->
Починатите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска. Кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.
Директорката кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница. Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.
„Носеа починати лица, но имаше и што починаа на прием. Бидејќи немаме доволно возила, се јавив кај сите болници во Источна Македонија, а почнаа и да пристигаат возила за Брза помош од Скопје и Велес. Се транспортираа потешко повредените до Штип и во Скопје“, кажа д-р Серафимовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
-
Во моментов нема потреба од вонредно дарување на крв
-
Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март
-
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност
-
Земјотрес од 3.6 степени со епицентар во Валадово, почувствуван и во Струмица и околината
-
Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи
-
Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани
-
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија