Двајца загинати во сообраќајќи во Скопје
Еден возач и еден сопатник се загинати, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 71 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.
Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците и тројца за неправилно престигнување.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
По повод одбележувањето на „Недела на Детето“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот, во детска градинка „8 Март“ објект „Расадник“ во општина „Кисела Вода“.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење