-->
-->
Двајца Турци уапсени откако се обиделе да му стават вреќа на глава на американски војник во Инџирлик
-->
Двајца членови на турска националистичка младинска група се уапсени откако се обиделе да му стават вреќа на глава на еден американски војник од воздухопловната база Инџирлик, во јужниот дел на Турција.
Турските медиуми јавија дека Јалчан Самир Акарсу и Џенк Казалармак се ставени во домашен притвор по инцидентот во саботата во базата Инџирлик, во областа Адана.
Засега нема реакции од американски или турски официјални претставници.
Според медиумите, Казалармак го снимал својот пријател додека го гонел војникот.
Националистичкиот Турски младински сојуз објави на Твитер видео снимка на која се слуша како Акарсу вели: „Вие им ставивте вреќи на главите на нашите војници во 2003 година. Вие сте одговорни за тоа и за тероризмот во нашата земја“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам