Двајца гласачи кои се на списокот за изолација од КОВИД-19 гласале на гласачкото место 2276 во Штип
Во СВР Штип во 10:25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од КОВИД-19.
На списокот за изолација се од 12 декември 2020. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека известен е јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева вели дека процесот на гласање на гласачкото место не е прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција. До 13 часот излезноста во Штип е 16.61 проценти од вкупниот број на избирачи или гласале 6.938 граѓани на 77 избирачки места.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ